Разговорите за изборите уште еднаш ги потврдуваат двојните стандарди на Заев. Додека лидерот на СДСМ бара оставка од министерот за внатрешни, Наќе Чулев, поради традиционалната литија во Струга, од друга страна Заев се обидува да ја турне државата во избори среде пандемија, кога се уште се бројат новозаразени и починати лица од Ковид-19.
Заев најави и кривична пријава против министерот Чулев за литијата во Струга, бидејќи, како што вели, тој како министер не ја исполнил својата должност, организирајќи настан среде пандемија и без мерки за заштита?.
– На вакво скандалозно однесување и при вакви катастрофални постапки против граѓаните, има само еден логичен чекор којшто Чулев треба итно да го преземе – Оставка!, порача Заев.
Но, што е тоа што се смени во ставовите на Заев, од загрижен за јавното здравје, за верски настан на кој учествуваа стотина граѓани , до неговата подготвеност да ги втурне граѓаните во масовен настан како што се изборите?

Поранешниот премиер на лидерската средба кај Пендаровски, но и во неговите интервјуа е упорен да се организираат избори што побргу, уште на средината на јуни. Неговиот став е дека мора избори, па макар и граѓаните да се разболуваат зашто така ќе стекнеле имунитет.
Се повеќе се шпекулира дека на Заев му е потребна ниска излезност, бидејќи ретко кој од постарата популација би се појавил на гласачкото место каде има опасност да се зарази, а од друга страна Заев за сигурни гласачи ја смета партиската војска која ја згрижи во јавната администрација.
Работата оди дотаму што Заев предлага неколку часовно продолжување на времетраењето на гласањето, пенкала за секој граѓанин, дури и електронско гласање. Тука се отвора прашањето дали Зоран Заев го познава изборниот законик, бидејќи било каква измена на начинот на гласање е потребна промена на истиот. Дополнително, потребно е Собранието да ги изгласа промените, а згора на се потребна е и согласност од опозицијата.
Јасно е дека со менувањето на ставовите,Заев по којзнае којпат покажува дека воопшто не е загрижен за доброто на граѓаните туку само за својот личен интерес. А, за да го постигне тоа е подготвен да ги ризикува здравјето и животите на огромен број граѓани ставајќи ги во опасност да се заразат од болеста што зема стотина илјади животи во светот.