Премиерот Зоран Заев изрази жалење што вчерашното интервју за БГНЕС предизвика бурни реакции во јавноста рече дека бил свесен за тоа што го рекол и какви реакции ќе предизвика.
Објасни дека треба да работиме на отстранување на пречките од таканаречената зелена завеса. Заев вели дека преку глава ни е од истории кои поттикнуваат раздор.
– Изразувам жалење што моето интервју предизвика силни негативни емоции за кои сум свесен и ги разбирам, но имам обврска да ги поттикнам македонските граѓани за изнаоѓање решение. Не е поглед кон иднината ако денеска зборувате за фашистичка Бугарија. Да си простиме и да подадеме рака, изјави премиерот Зоран Заев.
Обајснувајќи се, тој го посочи значењето на АСНОМ.
– Нашата државност почива на делата на антифашизмот. Нашата слобода е резултат на антифашизмот. Македонскиот народ ја оствари својата сувереност во АВНОЈ-ска Југославија и го оствари својот вековен идеал за своја држава со АСНОМ-ска Македонија. АСНОМ е историска потврда на нашиот македонски јазик и нашиот македонски идентитет, рече Заев.
Тој додаде дека од историјата треба да научиме да соработуваме со соседите.
– Историјата треба да не учи дека можеме и поинаку, дека можеме и подобро, дека треба да соработуваме, но и меѓусебно да ги почитуваме разликите помеѓу нас. Само почитување на разликите и заедничка борба против говорот на омраза и нетолеранција во македонското и бугарското општество можеме да градиме добрососедски односи и заедничка иднина, посочи премиерот.
На крајот тој кажа дека ние треба да создавва иднина за младите генерации.