Македонија 19. мај 2020. / 13:22

Заев: Ако нема консензус, избори на 21 јуни, според уставот и законите

Ако нема консензус околу датумот на избори, останува да се почитуваат уставот и законите, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев на денешната прес конференција, додавајќи дека терминот за избори е 21 јуни.

-Ако не успееме да се договориме, не е прашање на тоа што бараат политичките партии, што бара опозицијата, туку тогаш ќе постапиме според уставот и законите. Ние нема да дозволиме да се кршат Уставот и законите…треба да се договориме, но ако не се договориме, да знаат сите дека на 21 јуни ќе има избори со 14 кандидадски листи, ќе се излезе на гласање и верувам дека максимален ќе биде бројот на излезени гласачи, рече Заев