Ние имаме условена, автоматска покана за НАТО, не ни треба самитот во јули, ако постигнеме решение за името, автоматската покана ќе биде активирана, изјави премиерот Зоран Заев.
-Ние имаме условена автоматска покана, не ни треба самитот во јули, ако во мај објавиме решение, почнува процесот за ратификација на договорите за полноправно членство на Македонија во НАТО. Поголем е фокусот на решението отколку на роковите, временските рокови, се усогласуваат.- изјави Заев.
Според Заев секоја средба е од помош, „влегуваме во најсуптилните детали, мора да бидеме креативни за да ги заштитиме двете страни.