Македонија 11. октомври 2020. / 15:44

Заев: Ако Бугарија остане на барањата, треба да го подготвиме народот дека нема да почнеме преговори со ЕУ

Заев: Ако Бугарија остане на барањата, треба да го подготвиме народот дека нема да почнеме преговори со ЕУ

Ако Бугарија остане на барањата, треба да го подготвиме македонскиот народ дека нема да почнат преговорите со ЕУ, вели премеирот Зоран Заев коментирајќи ги разговорите меѓу министерот за надворешни работи Бујар Османи со бугарскиот премиер, Борисов и министерката за надворешни Захариева во петокот во Софија.

Разговорите меѓу министерот за надворешни работи Бујар Османи и премиерот Бојко Борисов беа добри, но разговорите меѓу министерката Екатерина Захариева и министерот Османи не беа баш добри. Тоа што е предложено од таа страна ниту е добрососедство, ниту е братство, а најмалку европски и ако тоа така остане треба да го подготвиме нашиот македонски народ дека може да не отпочне првата меѓувладина конференција која што ја очекуваме во декември, рече Заев.

Сепак, Заев верува дека тоа не е став на премиерот Борисов, ниту став на бугарскиот народ, без да открие што предложила Бугарија.