Македонија 02. ноември 2019. / 20:51

Заев: 90.000 граѓани ќе добијат плус 1.000 евра годишно на своите сметки, се грижиме да има добра живејачка!

Заев: 90.000 граѓани ќе добијат плус 1.000 евра годишно на своите сметки, се грижиме да има добра живејачка!

Ги инвестираме парите назад кај граѓаните – за да има подобар живот во Северна Македонија! После две и пол години од нашата Влада, напиша премиерот Заев на Фејсбук.

Нема веќе радиодифузна такса, сметките за струја се помали и има евтина тарифа на струјата, враќаме 1 милион евра преку МојДДВ, ги укинавме квотите на лековите.Дополнително, повеќе од 15 милиони евра се сите мерки коишто се инвестираат во делот на екологијата за оваа есен. Зборуваме и за покачување на сите плати во државава.Само со покачувањето на минималната плата над 90.000 граѓани ќе добијат плус 1.000 евра годишно на своите сметки. Се грижиме да има добра живејачка во нашата држава, напиша премиерот Заев на својата страница.