Македонија 23. април 2020. / 21:42

За време на корона-кризата, Шекеринска набавува сабја и музички инструменти за министерството

За време на корона-кризата, Шекеринска набавува сабја и музички инструменти за министерството

Во време кога поради големата економска криза предизвикана од епидемијата на корона вирусот на администрацијата и се кратат плати, а огромен број фирми мака мачат како да прежиевеат, наместо за медицинска опрема, министерката за одбрана Радмила Шекеринска ги троши народните пари за купување сабја и музички инструменти.

Сабјата, музичките инструменти (дувачки и ударни), како и музички системи се дел од набавката што ја прави Министерството за одбрана. Оваа набавка има проценета вредност од 505.047 денари.

Во објавената набавка се наведува дека доставените понуди за музичките инструменти, сабјата и музичките системи ќе бидат отворени на 28 април, кога треба да биде одредена фирмата на чијашто сметка ќе легнат парите на Министерството.