Македонија 14. февруари 2021. / 11:40

Вучиќ: Горд сум што Србија е воено неутрална

Вучиќ: Горд сум што Србија е воено неутрална

Претседателот Александар Вучиќ вели дека исто како што Зоран Заев е горд што Македонија е членка на НАТО, тој е горд што Србија е воено неутрална.

Вучиќ ова го рече одговарајќи на новинарски прашања на Г.П Табановце по предавањето на вакцините што Србија ги донираше на Македонија, како коментар на одговорот на Зоран Заев.

Новинарите побараа од Заев да ја коментира неговата изјава од пред три недели дека Македонија, иако е членка на НАТО, нема никакви вакцини, додека од друга страна, Србија, која е близу до Русија и Кина, ги има сите вакцини, вклучително и Американски.

Заев одговори дека е горд што е член на НАТО, но дека очигледен проблем е што има дефицит во производството на вакцини.

– Бидејќи Зоран е горд на НАТО, јас сум горд на фактот дека сме воено неутрални и, се разбира, дека ги почитуваме одлуките на сите други земји во регионот, рече Вучиќ.