Македонија 16. декември 2020. / 12:12

Врие во СДСМ: Градоначалници се навредуваат, Димитров му работи зад грб на Заев

Врие во СДСМ: Градоначалници се навредуваат, Димитров му работи зад грб на Заев

Деновиве се поактуелни се јавните препукувањата помеѓу функционерите во владејачката СДСМ.

Синоќа градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, во дневникот на Сител, директно го навреди градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски и го нарече неспособен и популист иако двајцата доаѓаат од иста партија.

Во контекст на пренаменувањето на средствата од страна на општина Куманово и тамошниот градоначалник Шилегов рече дека не сакал да звучи грубо, но никаде во светот она што главниот град во однос на новогодишно осветлување го прави не било тема.

Тоа што некои градоначалници беа неспособни да тоа го обезбедат во текот на септември и сега се кријат во популизмот па макар биле и мои сопартијци и сега глумат лудило пред сопствената јавност дека обезбедувале комјутери и затоа не кителе, рече Шилегов.

Освен  помеѓу градоналаниците раскол има и на повисоко ниво во партијата.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ,Александар Николоски во гостување на телевизија Канал 5 изнесе тврдење дека вицепремиерот Никола Димитров брифирал новинари дека тој го спречил премиерот Зоран Заев да потпише се што Бугарија побарала.

-Сакам да го прашам Зоран Заев дали знае дека неговиот потпретседател оди низ Македонија и брифира новинари и креатори на јавното мислење дека тој, Никола Димитров е причината што не потпишал Договор со Бугарија? Односно Заев бил подготвен да потпише договор со Бугарија, меѓутоа Димитров го спречил и тоа успеал да го направи преку скопското крило на СДСМ. Дали е вистина дека Заев е незадоволен од работата на историската комисија и дали се прави обид да се компромитираат дел од членовите со цел комисијата да биде распуштена и да биде поставен нов состав од МНР што ќе потпише се што Заев ќе побара?, праша Николоски.