Македонија 12. април 2018. / 09:53

Времето денес сончево со температури до 27 степени

Времето денес сончево со температури до 27 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Во западните делови, попладне е можен краткотраен локален дожд.

Утринската температура ќе се движи од три до 12 степени, а дневната од 20 до 27 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе достигне до девет степени, а дневната температура до 26 степени.

Во наредите демови во поголем дел во земјава, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а услови за изолирана појава на краткотраен дожд ќе има во западните делови. Од недела ќе има поголемо наоблачување со услови за краткотраен дожд, особено во западните делови на земјава.