Македонија 18. септември 2019. / 15:31

Време е да се соочат аргументите: Вечерва дуел Николоски-Димитров!

Време е да се соочат аргументите: Вечерва дуел Николоски-Димитров!

Министерот за надворешни работи Никола Димитров вечерва ќе се соочи со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, на телевизија 24, во 20:45 часот.

Двајцата ќе дебатираат за актиелните теми како: обезличувањето на Македонија, лагите на Владата, корупцијата и криминалот.

– Ќе имаме дуел за обезличувањето на Македонија, за урнисаната економија, за катастрофалната реализација на реформите, за катастрофалните политики и лагите на Владата. Ќе дебатираме и за скандалот со аферата Рекет и криминалот и огромната корупцијата на оваа Влада . Следете го вечерашниот дуел, време е да се соочат аргументите. – објави на Фејсбук Николоски.