Македонија 10. јули 2020. / 10:34

Вработен во Дрексeлмаер нов позитивен во Кавадарци

Вработен во Дрексeлмаер нов позитивен во Кавадарци

Вработен во фабриката Дрексeлмаер е новиот позитивен случај на коронавирус во Кавадарци.

Ова за МИА го потврди докторот Ристе Јовановски, специјалист при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Јовановски појасни дека се работи за 55-годишен маж кој имал лесна клиничка слика и бил на домашно лекување.

Се утврдуваат неговите контакти, со цел нивна изолација.