Техничкиот премиер Оливер Спасовски, министерот за здравство Венко Филипче и д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје се чека во секој момент да дадат изјава за медиумите во Медија центарот во Владата.
Денеска три лица се пријавиле на Клиниката за инфективни болести со симптоми на грип, на кои им се извршени тестирања за корона вирусот.
Министерот Филипче пред околу два и пол часа информираше дека кај две лица резултатите се негативни, а за едното лице резултатите се очекуваат.