Во 11 градови низ Македонија граѓаните со протест го искажуваат револтот од ставовите на премиерот Зоран Заев посочени во неговото интервју за БГНЕС и неговиот молк за тоа што ветил на Бугарија.
ОСТАВКА НА ЗАЕВ, СЛОБОДА НА НАРОДОТ!
Продолжуваме, заедно со народот против продажбата на татковината.
Утре протест во 11 града низ Македонија. Народот се буди и нема назад. Срамот на Заев не е заеднички. Да не дозволиме да ја менува историјата, туку да пратиме порака тој да замине во историјата.
Протест сега, за да не биде предоцна! – напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Струга, Гостивар, Кичево, Македонски Брод, Крушево, Крива Паланка, Картово, Свети Николе, Неготино, Струмица, Гевгелија се градовите каде што граѓаните се креваат против продажбата на македонската историја.