ВМРО-ДПМНЕ за вечерва излезе на нов протестен марш во центарот на Скопје, но овој пат на друга рута – до Министерството за информатичко општество и администрација и на поинаква тема – против реваншизам и терор врз граѓаните и политичките неистомисленици.
Собирно место за протестниот марш повторно е Министерствто за правда.
Изживувањето, отпуштањето и аздисаноста мора да запре – се наведува во повикот на ВМРО-ДПМНЕ за новиот од серијата протести што ги почна пред неколку седмица.