Македонија 07. октомври 2020. / 13:30

(ВО ЖИВО) Протест на музичарите, ивент индустријата и угостителите пред Владата

(ВО ЖИВО) Протест на музичарите, ивент индустријата и угостителите пред Владата

„Протестирам против уништувањето на ноќните клубови“, е пораката со која денеска во 14 часот музичарите протестираат пред Владата.

-14-ти март е денот кога со уредба се затворени ноќните клубови во Македонија. Оттогаш па наваму сме: 7 месеци – присилно затворени без ниту еден работен ден; 7 месеци – лични задолжувања за трошоци (кирии,плати и паушали) за опстанок на ноќните клубови; 7 месеци – со 0 денари помош од државата.

Без одговор на писменото барање до Влада за состанок со претставници од власта за решавање на нашето прашање, како најпогодени од целата ситуација. Дали сме граѓани на оваа држава само кога плаќаме даноци и лиценци за работа?“, стои во најавата на протестот.