Министерот за надворешни работи Никола Димитров и шпанскиот амбасадор Емилио Лоренцо Сера денеска во Владата ќе го проследат гласањето на Горниот дом на Шпанскиот парламент (Сенатот) за ратификација на Пристапниот протокол за членство на Македонија во НАТО.
По ратификацијата во шпанскиот Сенат, следува прес-конференција на Димитров и амбасадорот Лоренцо Сера.