Македонија 20. октомври 2019. / 17:25

(ВО ЖИВО) Лидерите почнаа да пристигнуваат на средбата

(ВО ЖИВО) Лидерите почнаа да пристигнуваат на средбата

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети прв пристигна во вила Водно на лидерската средба што ќе се одржува на покана на претседателот Стево Пендаровски.

По Ахмети, на средбата пристигнаа и претседателот на Движење Беса, Билал Касами, претседателот на Алијанса за Албанците, Зиадин Села и претседателот на Алтернатива, Африм Гаши.

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, за денеска во 17.00 часот ја закажа лидерската средба во неговиот Кабинет на „Вила Водно“.