Церемонија на подигнување на знамето на Македонија во седиштето на НАТО во Брисел, со што ќе се означи пристапувањето на земјава во Северноатлантската алијанса.
Како дел од свечената и церемонијална завршница на стапување на земјава во полноправно членство во НАТО, денеска истовремено ќе бидат подигнати три македонски знамиња, две во Белгија и едно во САД.
Церемонијата на подигнување на знамето ќе се одржи симултано во исто време и во седиштето на Здружената команда за операции (Shape – Mons) и во седиштето на Здружената команда на НАТО за трансформации во Норфолк, Вирџинија.