Македонија 20. јуни 2020. / 19:24

Во вторник во 18 часот протест „Правда за Кољо“ пред Министерството за правда

Во вторник во 18 часот протест „Правда за Кољо“ пред Министерството за правда

Герила акција пред Основното Јавно Обвинителство. Испраќаме едноставна и јасна порака. Бараме #ПРАВДА до крај, шанса се уште има!

ВТОРНИК 23ти ЈУНИ, 18:00 часот. Локација: Министерство за правда –> ОЈО –> Кривичен суд.

Уште еднаш да напоменеме: сите да се придржуваме до мерките и препораките. Носењето на маски е задолжително.
До надлежните институции: НЕМА ДА НЕ ЗАМОЛЧИТЕ, иако обидите деновиве беа големи. Притисоци, закани, уцени, но не попуштаме.

Во ВТОРНИК, во 18:00, ние по секоја цена ќе излеземе на улица за нашиот глас да биде слушнат. Ќе повторуваме дека бараме ПРАВДА ЗА КОЉО, и ќе го повторуваме истото се додека убиецот не го стигне правдата. Се гледаме, стои во Фејсбук постот од Приказните од Булеварот.