Минатиот месец Владата потпишала договор за набавка на свежо месо во висина од 51.155 евра, односно 3.146.025 денари, како и сувомеснати производи во висина од 11.594 евра односно 713.029 денари, објави Антропол.
Договорот во име на Службата за општи и заеднички работи на Владата го склучил директорот Пеце Мирчески, а набавката ќе биде спроведена од страна на „Римес МС Гроуп” ДОО претставувана од управителот Марјан Михајлов.
Инаку во февруари годинава Службата за општи и заеднички работи на Владата набави и свежо пилешко месо во висина од 25.513 евра, кон крајот на минатата година свежо овошје и зеленчук во висина од 16.623 евра како и газирани сокови во износ од 18.468 евра. Од „Римес МС Гроуп” во март минатата година набавено било свежо месо во износ од 32.298 евра.