И додека Македонија руши црни рекорди во починати и новозаболени лица со коронавирусот, СДСМ без срам слави изборна победа во Штип.
Двојните аршини на власта вечерва се покажаа на дело.
Имено додека во меѓувреме се казнуваат луѓе за групирање на повеќе од четворица лица, т.е обични граѓани, на симпатизерите и членовите на СДСМ законот не им може ништо.
Правилата вечерва не важат во Штип каде граѓаните се групираат, додека полицијата под палка на Оливер Спасовски остана слепа на настанатата ситуација.