Македонија 25. декември 2019. / 21:48

В сабота средби на Мицкоски со Заев и Ахмети за техничката влада

В сабота средби на Мицкоски со Заев и Ахмети за техничката влада

Во сабота во 17 часот во зградата на македонската влада ќе се сретнат лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски и премиерот Зоран Заев, дознава „Алфа“ од извори во двете најголеми македонски партии.

За во 19.30 часот истиот ден се очекува да се случи средба и меѓу Мицкоски и лидерот на ДУИ Али Ахмети.

За оваа средба се уште нема точна локација.

Темата на двете средби треба да бидат деталите за формирањето на Техничката влада и кадровските решенија кои од 3 јануари ќе бидат дел од владата која ќе ја води државата до 12 април кога се закажани предвремени парламентарни избори.