Македонија 21. јули 2019. / 10:54

Во Охрид запленети глисер и други предмети за случајот „Рекет“

Во Охрид запленети глисер и други предмети за случајот „Рекет“

Во Охрид синоќа полицијата по наредба на Јавното обвинителство изврши заплена на најмалку еден глисер и други предмети, а во врска со случајот „Рекет“, дознава МКД.мк.

Предметите остануваат во заплена до крајот на истрагата во која се опфатени.

Оваа заплена е дел од истражните дејства за „Рекет“ во кој првоосомничени се Бојан Јованоски (Боки 13), директор на 1ТВ, и Зоран Милески – Зоки Кичеец. Случајот се однесува на изнуда на пари од бизнисмени.