Македонија 18. октомври 2019. / 17:51

Во недела лидерска средба во Вила Водно

Во недела лидерска средба во Вила Водно

Лидерска средба на иницијатива на претседателот Стедво Пендаровски, на која ќе присустуваат претседателите на најголемите парламентарни политички партии и од власта и од опозицијата ќе се одржи в недела во 17:00 часот во „Вила Водно“

На лидерската средба, како што соопштија од кабинетот на претседателот, се поканети претседателот на СДСМ Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, претседателот на ДУИ Али Ахмети претседателот на Алијанса за Албанците Зиадин Села, претседателот на Алтернатива Африм Гаши и претседателот на Движење Беса Билал Касами.

Претседателот Стево Пендаровски денеска во своето обраќање до нацијата рече дека за жал заклучоците на Советот на ЕУ не се во согласност со нашите оправдани очекувања. Разбирливо е дека во овие моменти постои чувство на разочараност но мораме да се соочиме со последиците.