Македонија

Во НАТО ќе не внесува човекот кој ја запали амбасадата на САД во 1999

Во НАТО ќе не внесува човекот кој ја запали амбасадата на САД во 1999

Драгиша Милетиќ, претседателот на Српската напредна странка во Македонија, денеска беше еден од главните учесници на маршот на власта во кампањата за гласање „За“ на референдумот кој ќе се одржи на 30 септември месецов.

На маршот, учесниците испратија пораки дека мора да се гласа „За“, за Македонија што е можно побрзо да влезе во НАТО и ЕУ. Но, се чини во НАТО ќе не внесуваат луѓе кои во минатото имаа исклучиво анти-западна реторика.

Имено, Милетиќ беше еден од организаторите на протестите во Скопје против НАТО за време на помбардирањето на СР Југославија во 1999. Тогаш, демонстрантите ја запалија амбасадата на САД во Македонија, а сега организаторот на истите ќе не внесува во НАТО.

Љ.З