Македонија 23. март 2020. / 12:47

Во Македонија нови 22 заболени од корона вирусот

Во Македонија нови 22 заболени од корона вирусот

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на заболени од корона вирус во земјата. По градови-Скопје (15), Дебар (4), Куманово (2) и Охрид (1).

Со ова, вкупниот број на дијагностицирани пациенти денеска до 12 часот изнесува 136, од кои 1 излекуван и 2 починати.

Според местото на живеење, досега случаи на Ковид-19 се регистрирани во Скопје (81) од кои едно лице е од Богданци,а живее во Скопје, Дебар (40) од кои еден починат, Штип (7), Куманово (3) од кои едно починато, Кавадарци (2), Охрид (2) од кои едно лице е од Скопје, а е во изолација во Охрид и Гостивар (1).