На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се шест пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 62 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 21 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 3 деца позитивни и 4 деца со мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 14 нови, вкупно хоспитализирани се 96 пациенти. На респираторна машина се 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 39, а во болницата во Штип се хоспитализирани 50пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 111 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.