Македонија 09. март 2020. / 17:14

Во изолација 200 лица кои биле во контакт со директорката на клиниката за кожни болести

Во изолација 200 лица кои биле во контакт со директорката на клиниката за кожни болести

Шеесет и четири вработени лица на Клиниката за кожни болести, 11 пациенти кои биле хоспитализирани и 13 пациенти кои се лекувале во дневната болница во клиниката се во 14 дневна изолација, откако биле во контакт со директорката која е заболена од коронавирус, рече министерот за здравство Венко Филипче.

„Иако се сите со различен степен на ризик, сметаме дека треба да се преземе оваа мерка“, рече тој.

Во домашна изолација се и двајца членови на нејзиното семејство, а интревјуирани се сите вработени од Клиниката.

Викендов се одржал симпозиум за дерматовенеролози во Скопје, на кој присуствувале 103 лица. На тој симпозиум била и заразената директорка. Дадена е мерка домашна изолација.

Бидејќи таму биле и сите доктори од дерматовенеролошкото одделение во Штип, и одделението во штипската болница ќе биде затворено. Имало и тројца доктори од Грција.

Салата каде се одржал симпозиуот е исчистена, исто како и Клиниката за кожни болести.

Во моментов се тестираат осум лица за коронавирус.