Видно намален бројот на хоспитализации на пациенти заразени со корона вирусот во болниците во земјава. Се уште најмногу има на Инфективната клиника, каде во текот на вчерашниот ден е примен само еден 1 пациент, со што вкупниот број на пациенти на кои им е потребно болничко лекување е 73 пациенти. Таму нема пациенти на механичка вентилација, но 45 се на кислородна поддршка.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 6 позитивни деца, 4 мајки и 4 деца суспектни на вирусот.
Во моментов, најголемиот Ковид центар во земјава, ГОБ „8 Септември“ од рекорден број хоспитализации во мај, јуни и јули, со повеќе и од 150 пациенти, сега бројот го сведе на 40, од кои тројца пациенти се на респираторни апарати. Таму во текот на вчерашниот ден се примени четворица заболени од вирусот.
Речиси до крај се исполнети болничките кревети во Клиничката болница во Штип, каде се лекуваат 45 пациенти, во болницата во Битола се хоспитализирани 10, а вкупниот број на хоспитализирани пацинти на инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга изнесува 111.