Македонија 02. јуни 2020. / 13:30

Во „8 Септември“ се примени 11 нови пациенти сомнителни на Ковид-19

Во „8 Септември“ се примени 11 нови пациенти сомнителни на Ковид-19

Во Градската општа болница „8 Септември“ од синоќа се  примени 11 нови пациенти сомнителни на корона вирусот,  а починала 56 годишна пациентка од Струга која имала други коморбидитети.

Овие 11 пациенти се суспектни, на кои им е земен брис и се очекуваат резултатите. Но, бидејќи станува збор за пациенти кои се примени во болница, тоа значи дека сите тие имале симпотоми, односно или пневмонии или високи температури. На овие пациенти веднаш им е дадена терапија – вели Д-р. Костов за Фактор.