Ве молам некој нека го прибери овој глупак! Овој е толку неписмен, шо не смее да му се дава право да кажи ништо поќе од добар ден и пријатно, реагира на „Фејсбук“ внуката на Мирка Гинова, Билјана Гинова на изјавите на премиерот Зоран Заев за бугарската агенција БГНЕС.
„Ако толку си го сакате како лидер в партија, чувајте си го, ама, како премиер на држава е штетен и мора да се заќути!! Сме чуле многу примери за ревизија на историјата, ама најчесто тие се прават во сопствен интерес, овој подлизурко, од шо е глуп и од шо го заболе за нас и за нашата историја, тоа го прави на наша штета! Се помоча на сите кои го загубиле животот од бугарските фашисти и на нивните семејства кои сега слушаат како овој глупак ја обезвреднува и брише анти-фашистичката историја!“, пишува Гинова.