Големата полициска акција која започна претпладне во Прилеп, и натаму е во тек.
Акцијата се спроведува за разбивање на голема група на лица осомничени за трговија со дрога и наркотици.
Неофицијално, досега биле уапсени 7 лица, додека осомничени биле 20, а меѓу осомничените се сопственици и менаџери на локали и хотели, како и полициски службеници.
Според информациите на „Лидер“, меѓу уапсените е Јове Џагардуроски, член и истакнат активист на СДСМ, менаџер во ресторанот „Ла Пјаца“ за кој се зборува дека е сопственост на директот на Царинската управа на Р. Македонија Горан Сугарески.
Упатените во партиските случувања во СДСМ, тврдат дека се работи за внатрепартиска пресметка помеѓу Зоран Заев и фракции кои на претстојниот партиски конгрес би се спротивставиле на владеењето на актуелниот партиски лидер.
На социјалните мрежи, Џагардуроски редовно објавувал и фотографии од неговите дружби со началникот на ОВР Прилеп Кире Спиркоски – Чипсио.
Притворениот за трговија со дрога, Јован Џагадуроски, на сликата подолу е во друштво со началникот на ОВР Прилеп Кире Спиркоски – Чипсио и инспекторката за дрога Дафина Гешоска (сестра на Александар Спиркоски – Џемо).