Зоран Заев е човекот кому лагата и криминалот му се заштитен знак, и тој не може да зборува за ветувања, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека Заев е човекот кој се колнеше и лажеше, не може да зборува за ветувања, човекот кој буквално ниту едно ветување не исполни, нема кредибилитет да зборува, човекот кој со раката на срцето се колнеше во децата и го менуваше Уставот, нема кредибилитет да зборува, овекот кој кога зборува лаже. Човекот кој докажа дека може да краде уште повеќе и кој стана главен ортак и потпора на криминалците не може да му се верува.
Зоран Заев е човекот кој сто пати рече и порече. Даваше предизборни ветувања и се што направи беше спротивно од тоа.
Тврдеше дека не познава луѓе кои менаџирале судски одлуки, за подоцна да се испостави спротивното, дека не само што ги познавал, туку и примал совети од нив, се вели во партиското соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека Зоран Заев е аболициран политичар, кој неколкукратно ги прекршувал законите. Зоран Заев, велат, е човек што ја донесе Македонија до дното.