Владата со која раководи Зоран Заев, попладнево го демантира Зоран Заев, кој утрово кажа дека македонскиот идентитет е предмет и дел од разговорите кои тој ги води со Бугарија, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Или Заев не ја информирал владата за што преговара, или владата невешто се обидува да го вади од калта. Ова е само уште еден доказ дека нема компас во бродот кој тоне, наречен Зоран Заев. Јавноста легитимно си го поставува прашањето кој е луд, а кој збунет?!, се додава во партиската реакција.
Зоран Заев, велат оттаму, во своето интервју призна она кое ВМРО-ДПМНЕ го говори неколку дена наназад.
Заев преговара за македонскиот идентитет, јазик и историја. Заев откако го продаде името, сега го продава и идентитетот, смета ВМРО-ДПМНЕ.