Македонија 07. февруари 2020. / 09:20

ВМРО-ДПМНЕ: Заев стои зад рекетарите Боки 13 и Катица

ВМРО-ДПМНЕ: Заев стои зад рекетарите Боки 13 и Катица

Изнудите на милиони евра, злоупотребите на функциите, расипништвото, неправдата, огромните суми на пари во готово за кои јавноста слуша во судкиот процес Рекет се само врв на ледениот брег, велат во утринското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека тоа што се крие под површината е режисерот и главниот заштитник на рекетарите Зоран Заев и неговиот монструозен план за рекетирање и лично богатење.

Опозицијата обвинува дека во Македонија владее рекетарско корумпирана влада на СДСМ и дека со Зоран Заев секој бизнисмен или обичен граѓанин е жртва или може да стане жртва, а дека јавната обивнителка Вилма Рускоска директно го поддржува и го одобрува криминалот на Заев.

– Никој не верува во приказната дека зад рекетирање и уценување на бизнисмени стојат сами обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева. Секој човек знае дека зад нив е директно врхушката на власт на чело со Зоран Заев, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека случајот „Рекет“ мора да добие правна разрешница, и дека институциите мора да работат во интерес на правдата, владеењето на правото и во интерес на граѓаните.

– Јавно обвинителство и судството мора да работат согласно законските прописи, професионално и непристрасно. Јавното обвинителство мора да се ослободи од спрегата на СДСМ и Зоран Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека на 12 април почнува Обновата на Македонија, владеењето на правото и правната држава.