ВМРО-ДПМНЕ ги посочи фактите кои, според партијата, го одбележаа денот:
1.Ла Верита објавува: Заев шурувал со командант Баци од УЧК за да добие 5.000 гласа во Тетово.
2.Кацарска ургирала за обвинителски и судски одлуки.
3.Јовевски уште го крие писмото од Јанева, според кое постапил и извршил незаконска наредба.
4.Оливер Спасовски го оштетил буџетот за 4 милиони евра минатата година. Иштанцал 1750 решенија за прераспоредување.
5.Скандал во земјоделие: Мајката на градоначалникот на Конче земала субвенции, а не плаќала закупнина.
6.ММФ нотира корупција, ниски капитални инвестиции и непродуктивните трошоци во Македонија.
7.За 30 милиони евра е зголемен трошокот за стоки и услуги во 2019 година во однос на 2018 година.