Македонија 03. февруари 2020. / 15:55

ВМРО-ДПМНЕ: Заев призна дека брутално и безобразно манипулирал со „Монструм“

ВМРО-ДПМНЕ: Заев призна дека брутално и безобразно манипулирал со „Монструм“

Зоран Заев е срам и како политичар и како човек. Зоран Заев денеска покажа дека нема образ, ни чест, ни достоинство дури и кога станува збор за човечки трагедии. Зоран Заев денеска призна дека крајно брутално и безобразно манипулирал со семејствата на жртвите од масакрот кај Смилковското езеро, велат од Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Да потсетиме дека Заев во периодот 2015 до 2017 ги лажеше роднините и родителите на жртвите од масакрот кај Смилковско езеро, но и целокупната јавност во Македонија, дека имал докази дека обвинетите се невини, дека имало претставници на власта од тоа време кои се инволвирани, па на јавни изјави велеше дека имал чувствителни докази за нова вистина за случајот и слични махинации. Сега без срам и без образ излегува пред суд и ретерира. Овој човек има образ како ѓон. Злоупотребуваше масакар, трагични судбини, безочно лажеше, а сега се прави недоветен. Заради оваа лага и заради многу други лаги, криминали и корупциски скандали да им се извини на луѓево и да се повлече од политика час поскоро. Ако не Граѓаните ќе му го испорачаат поразот на претстојните избори на 12-ти април, велат од ВМРО ДПМНЕ.