Зоран Заев е транзициски криминалец, аболициран за криминал од 8 милиони евра, ослободен од Луј Витон правосудството за очигледниот случај Поткуп, вмешан во изборен поткуп и редица други криминали во кои е до гуша заглавен, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека токму затоа Заев се бори за власт, за да може и понатаму да тера бизнисот на фамилијарниот картел и да може да се спаси од одговорност за кршењето на законите.
Според ВМРО-ДПМНЕ тоа е причината поради која се прави оваа тендерашка власт во која Заев на Македонија и нуди истрошени транзициски ликови.
Со Заев Македонија може само да тоне уште повеќе во корупција, криминал и сиромаштија. За да може кланот на Заеви и понатаму да ги полни џебовите со народни пари, граѓаните остануваат без работа, десетици илјади не земаат редовно плата, а сме уникатен случај во Европа на која и пропадна банка од која само министерката за финансии и неколку фирми успеа да ги извлечат парите, се вели во партиското соопштение.
Оттаму велат оти со власт на Заев единствено организирано работи само криминалот, додавајќи дека над 1 милијарда евра порасна долгот за само три месеци, долг кој секој граѓанин и неродено дете во Македонија ќе треба да го враќа во иднина.