Зоран Заев од опозиција лажеше и палеше народ дека има друга вистина за Монструм, ветуваше докази и нов процес, за на крај да се испостави дека лажел, но народот кој го запали остана да протестира и да негува сомнеж, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изнесените ставови на министерот Бојан Маричиќ за дневникот на Сител.
„Заев е виновен што за ситни политички поени лажеше и играше на чувствата на народот. А Маричиќ сега глуми – „Не сам знајала“. Провидно е кога Маричиќ зборува за реформи во судството и можни пропусти во случајот како тој со Мијалков. Маричиќ и неговата партија се 4 години власт во Македонија и секој еден пропуст е нивна вина“, се додава во партиската реакција.
Хаосот и недовербата во институциите, велат оттаму, како и деградирањето на правото е вина само на СДСМ, и тие се што прават е само зголемување на тој хаос.