Заев и Маричиќ го наполнија судството со нивни кадри, а сега се закануваат дека ќе чистат неподобни, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Заев и Маричиќ ветуваа независно судство, а 4 години гледаме како ги ставија судиите и обвинителите под нивна капа. Заев нарачува, Русковска извршува, а Кацарска пресудува. Тоа е системот кок функционира веќе 4 години. Нема никаква одговорност за ниту еден член на власта. Правосудните институции не реагираа на изјавата на Бојан Јовановски дека парите од Рекет завршиле кај Зоран и Вице Заев, органите немаат реакција ниту на аферата од 200 милиони евра на Еуростандард, 200 милионската афера со ШИК ЈЕЛАК, Леонардо, Сар Хемс и други, каде вмешани се врвот на власта“, додаваат од партијата.
Според ВМРО-ДПМНЕ, Заев ќе го чисти судството за да може непречено да продолжи со криминалот како и до сега.
„Заев сака да ги дисциплинира сите непослушници и неподобни за него. Судиите ќе треба да бидат оценувани од лица како шефот на кабинет на Црвенковски, сопругата на директорот на Јавното комунално претпрјатие во Струмица и Весна Дамева која цела јавност ја гледаше на слики од штабови на СДСМ. Заев не сака да спроведе реформи. Заев сака да го потчини судството“, смета ВМРО-ДПМНЕ.