Заев и Николовски не може да се борат против корупцијата, зошто тие се извор на корупција. Нема крими афера во која не се спомнува Заев или некој негов близок соработник, велат од ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение.
„Заев и Николовски се премиер и министер во најкорумпираната влада во Европа според Транспаренси интернешенал и хибриден режим според Економист. Тие се причината за тонењето на Македонија. СДСМ ветуваше правда, а завршија со реформи како набавка на компјутери и веб страници. Наместо суштинска борба се се сведе на празни прескоференции“, се наведува во партиското соопштение.
Оттаму потсетуваат дека Владата не кажа до каде е случајот со случајот Рекет и торбата со пари, која според Бојан Јовановски, кој ја носеше, кажа дека завршила кај Зоран и Вице Заеви.
„Нема постапка ниту за Ден Дончев кој видовме како става туциња пари во торба и рекетира фирми. Заев мисли дека со неговата оставка го спасил и него и себе, а заборава дека еден ден и двајцата ќе одговараат. Нема предмет ниту за криминалот од половина милијарда евра, кој се случи со пропаѓањето на Еуростандард банката и давањето на маркица за ШИК ЈЕЛАК. Заев го тргна од клучна позиција Рашковски и мисли дека го спасил и него и себе. Одговорност ќе има. И за Леонардо и за Сар Хемс. Ќе има истраги и разрешници и за струмичките камиони во РЕК, и за милионските набавки во здравството, и местените тендери како коруптографијата на Филипче кој потпишува одлука за набавка повисока за 15 милиони од првично понуденото“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата смета дека против целата оваа, како што велат, корупција не може да се бори нејзиниот творец – Заев и Љупчо Николовски, чија фирма зема незаконски кеш.
„Одговорност ќе има и за сите горенаведени афери и криминали и за Заев и за Николовски“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.