Македонија 02. октомври 2018. / 17:15

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и криминалците од СДСМ продолжуваат да ја силуваат демократијата

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и криминалците од СДСМ продолжуваат да ја силуваат демократијата

ВМРО-ДПМНЕ не бара амнестија, туку бара да се истражи криминалот, полнењето кутии и останатите нерегуларности на референдумот, велат од опозициската партија како реакција на изјавата на Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата, кој обвини дека измислувањето нови барања од страна на Христијан Мицкоски, како она за нов јавен обвинител, е уште еден обид за барање амнестија за криминалите на Никола Груевски.

„Пораката од граѓаните е јасна, договорот од Преспа е капитулантски, штетен и спротивен на националните и државни интереси. Референдумскиот неуспех на политиките на Заев е црвен картон за него и погубните капитулантски политики со кои ќе се соочи на фер и демократски избори“, се наведува во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека Заев одобрувал, поттикнувал и нудел поткуп за изборни цели среде референдумска кампања, дело што, како што наведуваат, е криминал според Кривичниот законик член 160 за што следи затворска казна од најмалку 3 години, а републичкиот јавен обвинител молчи.

Оттаму велат и дека Зоран Заев и криминалниот клан од СДСМ продолжуваат да ја силуваат демократијата.

„Референдумскиот ден е полн со кривични дела против изборите, со полнења кутии, со кршење на молкот, повикувачки центри од власта од каде со лажно претставување се присилува и нарушува избирачкото право на граѓаните, и за тоа има докази, а републичкиот јавен обвинител никаде го нема“, истакнуваат од опозициската партија.