Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение до медиумите ги нотира информациите кои вчера ги посочи Американскиот научно-здравствен совет дека Македонија е меѓу земјите кои даваат погрешни податоци или фабрикувани податоци во врска со статистиката поврзана со корона вирусот.
Аргументирајќи со ваквата информација, од ВМРО-ДПМНЕ ги обвинија премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче се извор на лажни вести за време на корона кризата.
– Македонија според „пријателите“ на Заев, Шекеринска, Филипче е во друштво на Белорусија, Таџикистан, Египет, Албанија, Бангладеш, Украина, Сирија, САД, Индија, Иран, стои во соопштението.
Дека владата е извор на лажни вести во контекст на статистиката за корона вирусот, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека предупредувале уште лани непосредно по појавата на ковид-19 во земјава.
Во меѓувреме, додаваат, не само во врска со статистиката, Владата продолжи со лажни вести и за главната алтака во борба против корона, вакцината.
– Вакцини ќе има во јануари, за една недела, за две недели, февруари, март. Последна вест е дека во понеделник Филипче ќе потпише договор за кинески вакцини, ама дали сега исплашен, па рече не сака да калкулира со термини?!, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
За сите овие лаги, кои го загрозуваат здравјето на граѓаните, мора да има одговорност!