Заев и Дескоска го уриваат до темел правосудниот систем во Република Македонија, велат од опозицијата.
Во утринското соопштение испратено оттаму истакнуваат дека Десковска освен што самата себе си се кандидира за член на Венецијанската комисија, исто така, велат од партијата, таа воведе критериуми за сите оние кои полагаат правосуден испит да ги поседуваат книгите на нејзиниот сопруг Тони Дескоски.
А, за скандалот да биде поголем, Дескоска целосно ја партизирала и Комисијата за правосуден испит, за која укажуваат од ВМРО-ДПМНЕ дека во самата комисија има низа на конфликти на интереси.
– Именувањето на сестрата на пратеничката од СДСМ Снежана Калевска Ванчева, Антоанела Димовска, именувањето на Тања Милева, сопруга на поранешниот кандидат за градоначалник на СДСМ од Радовиш и поранешен член на ДИК Игор Милев, именувањето на пријателот на Заев претседателот на Апелацискиот суд во Штип Наќе Георгиев, именување на струмички судија чија сопруга е јавен обвинител во Струмица, именувањето на поранешниот претседател на ДИК Александар Чичаковски, адвокатот Валентин Пепељуговски, чие адвокатско друштво се чини дека е повластено од СДСМ, па наплатило околу 17.000.000 денари од владата, судијката Исмета Амет, според пишувањата во која што учествуваше во донесување на спорната одлука за прегласување во Теарце во 2016 година, се само дел од контроверзните именувања во комисијата за полагање на правосуден испит, се вели во утринското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Со ваквите именувања, велат оттаму, полагањето на правосудниот испит ќе зависи од субјективната проценка на членовите на комисијата, дали кандидатите биле или се активни поддржувачи на политиките на СДСМ и Зоран Заев.