Катица Јанева е бела мечка за Зоран Заев и таа не можела да прави рекет во период од цела година без знаење на врвот на власта. Премногу е очигледно од каде стигнувале командите кон Јанева, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
–Зошто се молчело и институциите не реагирале може да покаже само независна и професионална истрага. Со Зоран Заев на власт ефективна правна разрешница не е можна, затоа што тој е заштитник на криминалот и промотор на рекетот. Потребна е истрага, а не пародија во која што притворената ќе му издава наредби на тој што ја притворил. Потребно е независно обвинителство растоварено од притисоци и влијанија. Дополнително потребни се предвремени парламентарни избори за пад на оваа ненародна власт – велат од ВМРО-ДПМНЕ.