По неуспехот да стане преговарач за влез во ЕУ, Бојан Маричиќ мора да ја преземе улогата на мегафон на измамникот Заев за ширење лажни вести. ЕУ ја прочита корумпираноста и неспособноста на Зоран Заев и неговиот тим затоа сега Маричиќ мора да се сврти кон лажењето, реагираат од ВМРО ДПМНЕ на прес конференцијата на Бојан Маричиќ.
Зоран Заев потроши три години од животот на граѓаните, распродавајќи ги државните и национални интереси за на крај да добие силен шамар од ЕУ. Заев лажеше дека проблемот кој Грција го има е единствената пречка за добивање на датум, но реалноста го демантираше и целата јавност се увери дека ЕУ не сака да преговара со криминалци. Криминалот, корупцијата и рекетот не се и неможат да бидат европска вредност. Со Заев на чело на државата Македонија е пример за криминал, корупција и рекет. Заев сака да остане на власт за да го продолжи криминалниот начин на владеење. Затоа се сите лажни вести и манипулации.Залудно е колку и да се труди СДСМ да ја лаже јавноста. Никој повеќе не им верува. Во тоа ќе се уверат и самите кога а 12 април ќе ги изгубат изборите, велат од ДПМНЕ.
Бојан Маричиќ денеска изјави дека на самитот на Европската народна партија во Загреб се случило целосен меѓународен пораз на лажните и лицемерни политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Не само што се покажа дека едно зборува пред граѓаните а друго надвор од државата, туку и јавно, пред камери, на клучните стратешки теми Мицкоски доживеа дебакл.Тоа е очекувано, затоа што Мицкоски нема свој став туку работи под диктат на Никола Груевски, изјави Маричиќ.