ВМРО-ДПМНЕ преку претседателот на правната комисија Тони Менкиновски, ги искажа своите забелешки околу новиот закон за СЈО. Според него, дури 120 страници со забелешки биле дадени од страна на опозицијата.
-Во понеделникот ги дадовме забелешките на предлог законот за СЈО кој е изваден од страна на Владата. Тие забелешки беа на 120 страници. Тој закон не ги содржи важните елементи кои треба да го содржи секој закон, и не се обработени многу важни теми, кои се важни за оваа институција во Република Македонија. Процесот продолжува.
Првиот принцип е принцип на целосно имплементирање на меѓународни стандарни кои се однесуваат на обвинителството. Недостасуваа 12 важни меѓународни постулати.
Вториот дел исто така е важен, барања како принцип да биде оформено одделение ќе ја следи праксата на европскиот суд на човекови права, и истата ќе ја имплементира во работаа на ЈО.
Бараме трет принцип, а тоа е независност, отченост, ефикасност и ефективност во борбата со криминалот.- изјави Менкиновски.