ВМРО-ДПМНЕ истакна дека Стево Пендаровски е копија на Зоран Заев, лаже, заборава, негира.
Од опозицијата констатираат дека Пендаровски пред пет години тврдеше дека не може да се менува името на државата без државен консензус, за сега да е дел од опција која го смени името со политички договор.
– Името не може да се решава без државен консензус. Не партиски, не владин, не национален, не етнички, туку државен. Тоа значи дека сите релевантни чинители, власта и опозицијата, Албанци и Македонци, сите треба да се сложиме околу тоа што е црвената линија на Република Македонија. – велеше Пендаровски пред 5 години, а сега од позиција на власт неговата партија не ја вклучи ниту опозицијата, ниту пошироката јавност, туку сама и автократски го смени името, спротивно на јасно изразената волја на народот на референдум.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Стево Пендаровски е доказ дека се што каже лаже, исто како и неговиот партиски шеф Зоран Заев.
– Република Македонија нема потреба од нов Зоран Заев, кој ќе ги крши уставот и законите. Република Македонија сака претседател кој е честит и искрен човек, кој ќе работи согласно уставот и ќе го промовира владеењето на правото.
Стево Пендаровски пред пет години го доби одговорот од граѓаните. – велат од опозицијата.