Македонија 19. ноември 2018. / 13:03

ВМРО-ДПМНЕ во Собранието алармира за енормното загадување на воздухот

ВМРО-ДПМНЕ во Собранието алармира за енормното загадување на воздухот

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалцијата „За подобра Македонија“ денеска во Собранието на РМ поднесоа Информација за енормното загадување на амбиентниот воздух во земјава, соопшти Никола Мицевски, координатор на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, при неговото обраќање во прес-центарот на Собранието.

Покрај оваа инофрмација, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе побараат да се одржи и јавна распава во Комисијата за транспорт, врски и екологија во врска со енормното загадување, каде што ќе бидат повикани, граѓански здруженија, еколошки здруженија, експерти и сите останати кои што можат да придонесат за да се спречи влошување на состојбата.

Мицевски истакна дека загадувањето на воздухот во Република Македонија руши рекорди како никогаш досега.

-Благодарение на актуелната власт, Македонија и официјално стана држава со најзагаден воздух во Европа. Оваа власт на чело со СДСМ и нивните функционери кога беа во опозиција ветуваа дека ќе го решат проблемот со загадувањето низ низа мерки и проекти. Но, излажаа. Не само што не го подобрија квалитетот на воздух, туку напротив загадувањето на воздухот руши рекорди. Очигледно е дека СДСМ загадувањето го користеше само за политички поени и дека во ниту еден момент не помислија да се прават со оваа ситуација- рече тој.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека ситуацијата со енормното загадување на амбиентниот воздух е алармантна и како што рече, се доведува во прашање здравјето на граѓаните.

-Загрижувачки се податоците на Европската агенција за животна средина која во последниот европски извештај за квалитетот на воздухот, истакнува дека повеќе од 3.000 лица во Македонија годишно умираат како резултат на загадениот воздух. Во истиот тој извештај Македонија е прогласена за земја со најзагаден воздух и е во врвот по бројот на смртни случаи по глава на жител- истакна Мицевски.

Според него, власта покрај тоа што ништо не прави за да го реши проблемот со загадувањето, пробува преку исклучување на мерните станици низ државата истото да го сокрие од граѓаните.

-СДСМ мора барем еднаш да понесе одговорност и барем еднаш да покаже дека искрено се грижи за граѓаните бидејќи сега се власт и можат да реализираат се што ветуваа за подобрување на воздухот, а не да се молат да дувне ветар или да заврне дожд за да го тргне смогот што граѓаните секојдневно го дишат- посочи тој.

Мицевски подвлече дека како пратеници во Собранието избрани од граѓаните, имаат обврска да алармираат за ваквата состојба, поради што се решиле да поднесат Информација за енормното загадување.